Желино се вклучи во форумскиот процес - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Желино се вклучи во форумскиот процес PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E shtunë, 30 qershor 2012 00:00

Општина Желино го започна форумскиот процес на 21 јуни 2012 година со одржувањето на првата сесија. Големиот интерес за овој процес го потврдува бројката од 135 присутни граѓани кои дојдоа да разговараат за нивните проблеми и да бараат решенија за нив.
На граѓаните им беа презентирани три теми и тоа: образование, комунална инфраструктура и култура. По дискусијата, најмногу гласови (93) доби темата за образованието.   

IMG 1805

„Ние како општина сме дебитанти во форумите“, рече Фатмир Изаири, градоначалник на општината Желино. „Имаме многу проблеми, а еден од нив би го одвоил како посериозен - образованието и школската инфраструктура. Во општината има три основни училишта кои работат во тешки услови. Ако успееме барем во едното од нив да ги подобриме условите за работа, ќе биде навистина многу добро“, додаде градоначалникот.

Пред граѓаните стои предизвикот на идентификување на проблемите и решенијата во оваа тема, потоа формулирањето на концептите и предлог проектите кои на завршната, петта сесија ќе бидат ставени на гласање. „Позитивно сум изненаден од форумот затоа што ми дава можност мене, како граѓанин, и на другите кои беа присутни овде, директно да одлучуваме за тоа кој од нашите проблеми ќе го решаваме со овие средства што ни стојат на располагање“, рече Шазивар Мемеди, граѓанин на Желино.

IMG 1958

Учесниците ја утврдија структурата на форумот и правилата за работа. На крајот од сесијата беше формирана работна група која ќе подготви проблемска анализа на избраната тема. Граѓаните се договорија следната сесија да ја одржат на 18 јули 2012 година во ОУ „Луиѓ Гуракуќи“ во населеното место Желино.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Желино се вклучи во форумскиот процес