Познати проблемите и решенијата во Делчево - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Познати проблемите и решенијата во Делчево PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 11 korrik 2012 14:51

Втората форумска сесија во општина Делчево се одржа на 6 јули 2012 година, во Спомен домот АСНОМ. На сесијата присуствуваа 126 граѓани кои правеа анализа на темата „животна средина“, избрана на претходната форумска сесија. Во дискусиите по работни маси граѓаните ги идентификуваа локалните проблеми со кои секојдневно се соочуваат, а потоа дискутираа и даваа предлози за решавање на истите.

IMG 6385

Проблемите и можните решенијата беа групирани во четири под-теми: неуредени кејови и речни корита на Брегалница, Габровчица, Желевица и Звегорска река; диви депонии; немаркирани пешачки патеки и неуредени туристички/излетнички локалитети на планината Голак и граничен премин Црна скала и недоволно уредени и недоизградени јавни површини.

„Се надевам дека сите граѓани ќе дадат придонес во форумите и искрено се надевам дека нашата работа ќе води кон решавање на навистина приоритетен проблем кој ги засега граѓаните на општина Делчево“, рече Перса Стојановска. Таа рече дека нејзиниот приоритет е регулирање на речното корито на реката Брегалница.

IMG 6368

Предлогот на Зоран Поповски е регулирање на необележаните пешачки патеки на подрачјето на планината Голак. „Би сакал да го искажам задоволството од спроведувањето на форумот во Делчево од кој очекувам корисни дисусии и избор на она што е приоритет кога е во прашање „животната средина“.

На крајот на форумската сесија беа формирани работни групи кои ќе ги развиваат концептите за предлог проектите. Граѓаните беа информирани дека следната форумска форумска сесија ќе се одржи на 14 септември 2012 г.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Познати проблемите и решенијата во Делчево