ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИТЕ - краток осврт на политиките за реинтеграција - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИТЕ - краток осврт на политиките за реинтеграција PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E diel, 28 tetor 2012 00:00

[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во согласност со својата мисија и во рамките на редовните програми и активности, ги следи и анализира актуелните општествени случувања, прави истражувања и предлага решенија за проблемите. По повод Законот за бранителите, изготвен е краток осврт на политиките за реинтеграција, преку преглед на литература, интервјуа и (во соработка со Институтот за демократија) испитување на јавното мислење. Погледнете го целиот извештај од истражувањето.

zakon-za-braniteli

Актуелната дебата во однос на поднесениот предлог на Закон за бранителите, го третира праша-њето на реинтеграција на поранешните учесници во конфликтот. Тоа прашање во однос на браните-лите, веќе е претходно делумно уредувано со истоимен закон (2002 г.) и негови измени (2003, 2004, 2007 г.), а во однос на припадниците на ОНА, со програми за реинтеграција на разни меѓународни и домашни организации (2001-2006 г.).

Прашањето на реинтеграција е дел од поширокиот концепт на Обединетите нации за разоружување, демобилизација и реинтеграција (ДДР), за кој во последните неколку години се воспоставени меѓународни практики и стандарди (http://www.un.org/en/peacekeeping).

Во Македонија, по конфликтот од 2001 година, со Охридскиот рамковен договор беа предвидени првите два елементи од ДДР, но има многу малку одредби за реинтеграција (главно за ревита-лизација на кризните региони и враќање на раселените лица).

Mнозинство граѓани (78%) сметаат дека е оправдано донесување на нов Закон за бранителите. Поделеноста се појавува на прашањето за законски одредби за права на поранешните припадници на ОНА, каде 90% етнички Албанци се „за“, додека мнозинство кај сите други етнички заедници е „против“. Големо мнозинство граѓани (83%) смета дека е оправдано донесување законски одредби за права на цивилните жртви без оглед на нивната етничка припадност.

Земајќи ги предвид меѓународната пракса и стандарди, досегашните искуства, како и мислењето на јавноста, можни се неколку чекори за конструктивно надминување на ситуацијата:

  • Дебатата за предлог-законот е добра можност за разрешување на преостанатите отворени прашања од конфликтот во 2001 година, вклучително цивилните жртви и исчезантите лица – проблемот треба да се третира и расправа сеопфатно;
  • Предложениот законски текст ги дорегулира најголем дел од правата на бранителите, но има простор за подобрувања на законот (пр. конзистентно постапување, психо-социјална поддршка, зголемени надлежности на Комисијата), преку дебата со нивните здруженија; 
  • Согласно меѓународните практики, не може да се изедначат двете страни учесници во конфликтот, но треба да има програма за ресоцијализација на поранешните припадници на ОНА (обуки, преквалификации, пристап до можности за вработување и психо-социјална поддршка);
  • Предлог-законот не ги опфаќа прашањата на цивилните жртви (загинати и ранети, исчезнати и киднапирани, и нивните семејства), па има потреба од посебни мерки за нив.
 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИТЕ - краток осврт на политиките за реинтеграција