Поголема заштита за земјоделците - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Поголема заштита за земјоделците PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E shtunë, 31 gusht 2013 00:00

Во почетокот на август, МЦМС го започна проектот „Информирање на земјоделците во општина Кривогаштани“ со кој ќе се воспостави и промовира механизам за поддршка и информирање на земјоделците и на ангажираните работници.

tutuno

Активностите од проектот се наменети за производителите на тутун и тоа како за ангажираните земјоделски работници (надничари), така и за земјоделците сопственици, откупувачите и другите релевантните институции. Проектот треба да влијае на унапредување на социјалниот и економскиот развој во регионот.

За потребите на земјоделците ќе биде воспоставен центар за повици, односно канцеларија за поддршка. Во него ќе бидат ангажирани две лица, правник и социјален работник. Земјоделците ќе можат да ги кажат своите поплаки, забелешки или прашања на бесплатна телефонска линија или директно во канцеларијата. Најмените работници да разговараат со операторите без страв од реперкусии од било која страна. Исто така, механизмот ќе овозможи поддршка и помош на земјоделците во однос на административните прашања (пр. овозможување информации за новите закони, регулативи, проекти на кои може да аплицираат, како и помош во пополнување на административните формулари).

Операторите ќе имаат одговорност да ги примаат, прибираат и групираат влезните поплаки/информации зависно од видот на случајот, притоа истражувајќи ја точноста на информацијата доколку е потребно, олеснувајќи ги средбите во руралните средини.

За постоењето и функционирањето на механизмот граѓаните ќе бидат известени преку информативен материјал, преку медиумите и во директна комуникација со нив.

Проектот е поддржан од Сокотаб и Алијанс уан Македонија (Alliance One Macedonia) и ќе трае до крајот на јули 2014 година.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Поголема заштита за земјоделците