Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работата на ДКСК во третиот квартал од 2017 година PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 11 janar 2018 13:40

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го објави новиот квартален извештај „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата“ што го опфаќа периодот од 1 јули до 30 септември 2017 година. Извештајот се осврнува на три сегменти од работењето на ДКСК: креирање антикоруциски стратегии и политики; надзор и контрола и соработка и едукација. Покрај тоа, дава осврт на транспарентноста и отчетноста во нејзиното работење.

kv4 indikatori

МЦМС следи вкупно 29 индикатори, од кои, во периодот на извештајот, 11 се остваруваат целосно во согласност со закон, 14 се остваруваат делумно, а четири не се остваруваат.

sledenje na dksk kvartalen izveshtaj br 4Според податоците од извештајот, ДКСК отворила 18 предмети за можни злоупотреби за време на локалните избори одржани во октомври 2017 г. Од нив, 16  предмети се отворени по приговори поднесени од физички лица, еден приговор е од правно лице и еден од непознат подносител. Комисијата одговорила на 916 барања за мислење од страна на државни институции за примена на Законот за спречување на корупцијата во изборен процес.

Во извештајниот период до ДКСК биле доставени и оформени вкупно 19 предмети за постоење елементи за корупција. Предметите се по пријава од граѓани, од правни лица и предмети отворени по сопствено убедување на ДКСК. Постапувањето по овие предмети е во тек.

Подобрување може да се забележи во поднесените извештаи од институциите за примени пријави од укажувачи. Во овој квартал се поднесени вкупно 41 извештај. Иако станува збор за мал процент во однос на вкупниот број институции (1291) сепак охрабрува воспоставувањето на оваа пракса. Одѕивот може да биде и поглолем доколку ДКСК презема конкретни мерки за активна примена на Законот. Само 65 институции доставиле информација за овластено лице за прием на пријави од укажувачи. 

Ажурирањето на Регистарот на анкетните листови на избрани и именувани лица останува една од слабостите во работењето на ДКСК. Од именувани се 633 лица на функции (според објавите во Службен весник), за 468 (70,59%) лица нема објавени информации. ДКСК можела, а не повела иницијатива пред надлежен суд против институцијата или одговорното лице.

Антикорупциска проверка на легислативата се спроведува, но не во целост. Во овој извештаен период, таа е направена за пет закони и е започната за 11 закони (пет од вториот и шест од третиот квартал). Иако Владата во овој извештаен период има утврдено 13 предлог-закони на седница, истите не се доставени до ДКСК за задолжителна проверка на ризици од корупција.

ДКСК остварува соработка со државните организ, а може да се забележи и дека станува поотворена за соработка со  граѓанските организации и со организации од приватниот сектор потписници на Меморандумот за соработка. Во поглед на транспарентноста, ДКСК објавува информации за седниците кои се јавни, но нема пракса да објавува информации за сите одржани настани за кои нема законска обврска.

Извештајот е дел од проектот „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата“ што го спроведува МЦМС, а финансиски е поддржан од Британската амбасада во Македонија.

 

Проекти

Civica Mobilitas Мојот Избор

E re

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Работата на ДКСК во третиот квартал од 2017 година