Поголема соработка со општината бараат велешките организации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Поголема соработка со општината бараат велешките организации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 05 nëntor 2018 16:22

Финансирањето од страна на Општина Велес и нејзината соработка со граѓанскиот сектор беше главната тема на средбата на граѓанските организации (ГО) за време на Мобилниот ресурсен центар кој се одржа во соработка со Фондацијата Фокус на 24 октомври 2018 година. Организациите беа согласни дека Општината треба да најде соодветен механизам за вклучување на ГО во своето работење како партнери, со кои заеднички ќе делува за доброто на граѓаните. 

Pogolema sorabotka so opshtinata baraat veleshkite organizacii

„Особено е важно граѓанскиот сектор повторно да ја стекне довербата од општините со веќе изграден капацитет, искуство и постигнати резултати и заедно да ја надградат соработката преку креирање нови услуги и сервиси, се со цел да се зголеми квалитетот на живеење на граѓаните во локалните заедници“, истакна Димче Велев од Здружението на лица заболени со дијабетес „Шеќерче- Lollipop“. Тој додаде дека е потребно да постојат сериозни критериуми за соработка и делегирање надлежност кон граѓанските организации, а тие пак, да бидат посветени, транспарентни и отчетни во работата.

На средбата, учесниците ги истакнаа своите приоритети како што се: потребата од градење капацитети за подготвување проектни апликации, социјално претприемништво, како и навремено информирање за тековните случувања, активностите и можностите за финансирање на организациите.

Тимот на Граѓанскиот ресурсен центар, покрај презентацијата на проектните активности, ги информираше организациите и за надлежностите, составот и функционирањето на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор, како и за приоритетите и активностите планирани во рамки на новата Стратегија за соработка и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020. 

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Поголема соработка со општината бараат велешките организации