Три децении битка за општествени промени - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Три децении битка за општествени промени PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 14 dhjetor 2023 14:07

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денес одбележува 30 години од основањето. 

MCMS 30 Custom

Воспоставена на почетокот на независноста на новата држава, организацијата ја посвети својата работа на правење промени првенствено на ранливите категории, а потоа и на сите граѓани. Денес, 30 години подоцна, со задоволство можеме да кажеме дека промените не доведоа до добри резултати.

Тие ги препознаваме на многу полиња на нашата работа. Такви се проектите за демократизирање на земјата, активностите за заштитата на човековите права на ранливите групи сограѓани, на жените и децата, на Ромите, на лицата со хендикеп итн. Голем број од овие активности ги направивме поддржувајќи ги граѓанските организации затоа што тоа е одлика на МЦМС, да работи со другите и да ги поддржува во заедничките каузи за посилно граѓанско општество. На тој начин, застапувајќи ги интересите на граѓаните, обезбедивме да се опфатат многу повеќе области каде граѓаните констатирале проблеми за кои бараат решенија.

Некои од проблемите на кои одговаравме се уште не се надминати, некои се само ублажени. Но ние сме уште тука, подготвени за тие старо-нови предизвици. Денес, во битките за добро управување и борба против корупцијата, вкоренето и влијателно граѓанско општество, социјална инклузија и кохезија ги мобилизираме колегите од граѓанскиот сектор но и граѓаните кои сакаат и можат да помогнат. Заедно да ги потсетуваме одговорните, да бараме отчет и да помагаме таму каде што е потребно и таму каде што можеме.

А можеме, тоа го докажавме во изминатите години работа, со претходните и актуелни над 1700 проекти и буџет од над 70 милиони евра кои беа насочени кон граѓаните, организациите и институциите.

Денес, МЦМС како искусна и стабилна организација, отпорна на влијанија, решителна во надминувањето на предизвиците има силен поттик да продолжи по курсот на промени во општеството кои ќе бидат за добробит на сите македонски граѓани.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Три децении битка за општествени промени