Јавен повик за понуди бр. 09-110/4-2020 за избор на добавувач на истражувања на јавното мислење - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавен повик за понуди бр. 09-110/4-2020 за избор на добавувач на истражувања на јавното мислење PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 20 shkurt 2020 11:20

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги поканува сите заинтересирани субјекти да учествуваат во постапка за набавка на истражувања. Предмет на набавката се квантитативни и квалитативни истражувања кои ќе обезбедат информации за перцепцијата на граѓаните за важни теми поврзани со пристапниот процес во Европската Унија. 

Тендерската постапка се спроведува во рамките на проектот „ЕУро фокус“, финансиран преку Нордиската поддршка за напредок на Северна Македонија, а спроведуван од Телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Рокот за доставување на понудите е 3 март 2020 г. (вторник) до 16:00 часот, кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние доставени лично, по курирска служба или по пошта. 

Право на учество имаат сите заинтересирани понудувачи кои ги исполнуваат условите наведени во повикот. Понудата се поднесува исклучиво по пошта во запечатен коверт или кутија, затворени на начин кој со сигурност ќе потврди дека, при отворање на понудата, се отвора за прв пат. 

Целосни информации во однос на повикот, како и упатството за понудувачи за составување на понуда можете да ги најдете во Повикот за поднесување на понуди според постапка за набавка на големи вредности. Понуда за набавка со голема вредност треба да биде пополнета во Образецот за понуда.

Доколку имате проблеми околу преземањето на документите за поднесување на понуда или дополнителни прашања поврзани со повикот, може да се обратите преку е-пошта на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë со назнака: Референтен број: 09-110/4-2020.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje Јавен повик за понуди бр. 09-110/4-2020 за избор на добавувач на истражувања на јавното мислење