Грантови за транспарентност: поднесете апликација до 31 март само по електронски пат - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Грантови за транспарентност: поднесете апликација до 31 март само по електронски пат PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 19 mars 2020 14:08

Повикот за грантови за транспарентност е во тек. Но, заради новонастанатите околности поврзани со пандемијата на вирусот Ковид-19 и прогласување на вонредна состојба во државата, апликациитеможе да се доставуваат само по електронски пат. Рокот за доставување на апликациите е продолжен до 31 март 2020г, до 16:00 часот.

ovozmozhen elektronski nachin na aplitsirane za grantovite za transparentnost 1

Апликациите треба да бидат испратени преку електронска пошта на адресата: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë со назнака: „Јавен повик за грантови 11-26/1-2020“. Датумот и часот на пристигнување на електронската пошта ќе се смета за релевантен доказ за поднесување во зададениот рок. Апликантите ќе бидат известени за приемот на апликација со повратен одговор на нивната електронска порака.

Апликациите пратени по електронска пошта мора да бидат испратени во една порака која во прилог ќе ги содржи следните документи:

  • Пополнет формулар во Word документ;
  • Скенирана верзија од Изјавата на апликантот која во себе ќе содржи име на правниот застапник; позиција на правниот застапник;  потпис и печат (може и електронски печат и потпис); место и датум;
  • Пополнет буџет во Excel документ;
  • Копија од тековна состојба не постара од 6 месеци.

Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Упатството за аплицирање и последните Измените и дополнувањата на Упатството за аплицирање.

Канцеларијата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е затворена за работа со странки.  

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje Грантови за транспарентност: поднесете апликација до 31 март само по електронски пат