Повик за изработка и пост-продукција на промотивно видео - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за изработка и пост-продукција на промотивно видео PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 10 maj 2021 11:33

Јавен повик бр. 11-49/2-2021 за изразување интерес за изработка и пост-продукција на промотивно видео

otvoren povik za izbor na obuchuvach

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги поканува сите правни субјекти да изразат интерес за учество во тендерска постапка за изработка и пост-продукција на промотивно видео за потребите на Граѓански ресурсен центар.

Видео спотот е за промоција на постигнатите резултати на Граѓанскиот ресурсен центар и треба да биде со времетраење од 3 минути. Изработката на видеото вклучува снимање на терен. Пост-продукцијата вклучува монтажа на видеото и изработка на видео-графици. Сценариото за видеото е претходно подготвено од МЦМС.

Активностите ќе бидат спроведени во периодот 25 мај – 10 јуни 2021 година.

Набавката е наменета за спроведување на активности кои се дел од проектот „Видливост на Граѓанскиот ресурсен центар“ бр. 18 11 НРЦ 402, во склоп на програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“, финансиран од Европската Унија.

Критериум за избор на добавувач е квалитет (70 поени) и цена (30 поени).

Сите заинтересирани субјекти треба да изразат интерес за учество во тендерската постапка за изработка и пост-продукција на промотивното видео најдоцна до 11 мај 2021г. на следната електронска адреса: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë со назнака „Изразување интерес за изработка и пост-продукција на промотивно видео“.

Целосната тендерска документација ќе им биде испратена само на правните субјекти кои што ќе искажат интерес во зададениот рок.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje Повик за изработка и пост-продукција на промотивно видео