Искуствата и перцепциите на граѓанските организации за околината за развој на граѓанскиот сектор - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Искуствата и перцепциите на граѓанските организации за околината за развој на граѓанскиот сектор PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 06 tetor 2014 12:36

Втора година по ред МЦМС ќе ја истражува овозможувачката околина за развој на граѓанскиот сектор. Прибирањето податоци за таа намена започна. Одговорите на сите граѓански организации се добредојдени. Нив можете да ги дадете најдоцна до 10 октомври 2014 година (петок) со пополнување на прашалникот кој ќе го најдете на следниот линк.

MM

Податоците ќе бидат основа за подготовка на извештај со кој ќе ги информираме релевантните чинители и ќе направиме притисок за развој на соодветната легислатива и нејзино доследно спроведување.

Првиот циклус на следење на овозможувачката околина резултираше со Извештајот од следењето на овозможувачката околина за развој на граѓанскиот сектор што го подготви и издаде МЦМС на крајот од 2013 година. Ова е прв извештај од ваков вид во Македонија.

Прашалникот е подготвен во рамки на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“. Проектот е спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА), а финансиски поддржан од Европската Унија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Искуствата и перцепциите на граѓанските организации за околината за развој на граѓанскиот сектор