Повиците за мали акциски и ад хок грантови се отворени - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повиците за мали акциски и ад хок грантови се отворени PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 03 shtator 2015 12:26

Цивика мобилитас ги објави повиците за мали акциски грантови и за ад хок грантови. Малите акциски грантови се наменети за поддршка на граѓански организации кои сакаат да ги промовираат своите цели на локално/национално ниво, а ад хок грантовите, освен на здруженијата и фондациите на располагање им се и на неформални, нерегистрирани групи граѓани за поддршка на итни, неодложни т.н. „горливи“ прашања кои се појавуваат и кои бараат итно внимание и акција на секое ниво на интервенција во Македонија. 

 2015-05-05

Двата типа грантови ќе бидат постојано отворени. На малите акциски грантови заинтересираните можат да се пријавуваат најдоцна до 30 јуни 2017 година, а на ад хок грантовите, најдоцна до 31 март 2018 година. 

Максималниот износ што може да се побара е 400.000 денари, за активности кои ќе траат најмногу 12 месеци, кај малите, или шест месеци кај ад хок грантовите. 

Апликантите првично поднесуваат само концепт, во посебно пропишан образец. Пријавата се пополнува само доколку апликантот добил писмена покана од Цивика мобилитас да поднесе пријава, а по прелиминарниот избор на концептот. Сите потребни документи за повикот можете да ги најдете во огласите за мали акциски грантови или ад хок грантови.  

Следете ја веб-страницата и страницата на Фејсбук на Цивика мобилитас и информирајте се за евентуални промени или за последните прашања и одговори.

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).

 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Повиците за мали акциски и ад хок грантови се отворени