Прилепските организации дискутираа за Советот за соработка - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Прилепските организации дискутираа за Советот за соработка PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 06 qershor 2019 00:00

Средбата на Мобилниот ресурсен центар во Прилеп помина во знакот на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. Настанот се организираше во соработка со Коалицијата на младински организации СЕГА и се одржа во нивните простории.

20190607 MRC Prilep 2

Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА и член на Советот, пред учесниците ja презентираше неговата важност, функционирањето и составот. Тој ги повика локаните организации да го контактираат доколку имаат иницијативи или прашања кои што треба да се покренат на повисоко ниво за тој да може соодветно да ги  изнесе на седница на Советот.

Во дискусијата беше потенцирано дека организациите се многу поактивни во Скопје, а локалните здруженија се најчесто слабо активни и недоволно развиени, што спречува да се пренесат локалните проблеми и предизвици до надлежните.

Учесниците истакнаа дека општината вообичаено во февруари секоја година има повик за доделување на средства за граѓанските организации во висина помеѓу 500 и 1000 евра. Ова е практика на сите општини во земјата, меѓутоа преку симболичните суми не може да се очекува да се постигнуваат вистински ефективни промени. Некои организации го истакнаа и проблемот на доцнење во исплатата или пак неисплаќање на овие средства на организациите кои што веќе ги спровеле предвидените активности.

По средбата со граѓанските организации, тимот на Граѓанскиот ресурсен центар имаше состанок и со претставници од Одделението за локален економски развој и прекугранична соработка при општина Прилеп. На овој состанок, од Општината информираа дека се доделуваат финансиски средства на околу 100 баратели (спортски клубови, културно-уметнички друштва и здруженија)на годишно ниво . Висината на овие средства е различна, но не преминува износ од 2.000 евра. Исплаќањето на средствата се врши тековно/фазно во зависност од расположливите средства на Општината.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Прилепските организации дискутираа за Советот за соработка