Кичевчани не се плашат да пријават случаи на корупција. А вие? - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Кичевчани не се плашат да пријават случаи на корупција. А вие? PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 03 nëntor 2023 13:55

Дали сте слушнале за Мобилната редакција на ИРЛ? Оваа недела тимот на ИРЛ се во Кичево каде со јавен повик ги канат граѓаните да ги кажат нивните проблеми и пријават случаи на корупција.

1 MCMS3972 Custom 1

Идејата на „Мобилната редакција“ на ИРЛ е да се разоткријат случаи и проблеми  поврзани со корупција на локално ниво, и воедно да им се даде можност на граѓаните да бидат слушнати, особено во помалите градови каде недостасува медиумското присуство и покриеност на вакви теми. Идејата на „Мобилната редакција“ на ИРЛ е да се разоткријат случаи и проблеми  поврзани со корупција на локално ниво, и воедно да им се даде можност на граѓаните да бидат слушнати, особено во помалите градови каде недостасува медиумското присуство и покриеност на вакви теми.  

2 MCMS3900 Custom 1

Уште во првиот час од објавата дека тимот на ИРЛ е во Кичево, дури осум случаи беа пријавени од граѓаните а 26 граѓани разговарале со новинарите. Вкупно 44 случаи и проблеми се пријавени со пораки на социјалните мрежи во првите два дена од работата на тимот на ИРЛ во Кичево.

3 MCMS3884 Custom 1

Ги повикуваме сите граѓани да се вклучат во проектот преку споделување на проблемите со кои се соочуваат на официјалните канали на социјалните мрежи на ИРЛ:
www.facebook.com/IRLMacedonia/
www.instagram.com/irlmacedonia/
www.twitter.com/IrlMacedonia,
и заедно да побараме одговорност од оние на позиции на моќ и авторитет во локалните заедници.

4 MCMS3873 Custom 1

Оваа активност е дел од програмата „Граѓаните против корупција“ поддржана од УСАИД  што ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)  во соработка со Центар за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија, Македонија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа, Македонија (БИРН).

6 MCMS3731 Custom 1


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Кичевчани не се плашат да пријават случаи на корупција. А вие?