Брифинг со новинарите за насилниот екстремизам и борбата против тероризмот - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Брифинг со новинарите за насилниот екстремизам и борбата против тероризмот PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 09 nëntor 2023 14:03

Новите Национални стратегии, за спречување насилен екстремизам и за борба против тероризам беа една од темите на брифингот со новинарите што го организираа Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам (НКСНЕБПТ) на 1 ноември 2023 година, во просториите на МЦМС.  Новите Национални стратегии, за спречување насилен екстремизам и за борба против тероризам беа една од темите на брифингот со новинарите што го организираа Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам (НКСНЕБПТ) на 1 ноември 2023 година, во просториите на МЦМС.  Националниот координатор за СНЕБПТ, Златко Апостолоски, ги презентираше двата документи и притоа се осврна на партиципативноста на процесот на подготовка кој вклучил актери од државните институции, граѓанските организации, академската заедница и меѓународните организации. Стратешките приоритети на двете Стратегии се групирани во четири дела и тоа: превенција, заштита, извршување/гонење и одговор.

RRP 2 Custom

„Сите се согласуваме со фактот дека превенцијата е најефтина и најефикасна“, рече Апостолоски и додаде дека нема совршен систем како што нема ниту совршени општества. Според него, методите на терористите се менуваат, а нападите стануваат порадикални. Иако Исламска држава е поразена, идеологијата што стои зад неа се уште е жива. Тој потенцираше дека споделувањето информации меѓу институциите е многу важна затоа што борбата против овие феномени нема само безбедносна перспектива.

Зборувајќи за активностите на локално ниво, Националниот координатор се осврна на основањето и функционирањето на Локалните совети за превенција како и на Акциските тимови во заедниците.   „Кога се зборува за овие теми, секогаш се смета дека тоа е работа на полицијата. Општините не треба да се гледаат како институциите кои се занимаваат само со комунални прашања“, рече тој. На новинарските прашања дали Локалните совети за превенција имаат капацитет да работат на вакви прашања и дали се случило некој од нив да дојави некоја ризична ситуација, Апостолоски рече дека недостатокот на ресурси не треба да биде изговор, туку, дека е потребно да има воља и желба.

MCMS3440 Custom

Новинарите го отворија и прашањето за критичната инфраструктура, а Апостолоски ги информираше дека со Закон ќе бидат одредени десетте сектори кои се критични за функционирање на општеството и ќе се предвидат мерки за нивна заштита, вклучително и за сајбер заштита. Одговарајќи на прашањето за радикализацијата во затворите, Националниот координатор рече дека се во тек со случувањата во затворите и дека повратниците од Сирија се распоредени во пет затвори, а со нив се работи според програма за дерадикализација. „Идеолошкиот концепт не може да се смени за две години и не секогаш можат да се обезбедат условите за да се работи според програми“, додаде тој. И радикализација во верските објекти беше едно од прашањата на новинарите. „Се користеа за таа намена“, рече Националниот координатор и додаде дека верските заедници сега се посвесни за тие предизвици. „Сега не постојат верски објекти кои се во легално владеење на ИВЗ или МПЦ каде се врши радикализација. Не е исклучено радикализација да се прави надвор од тие објекти“, додаде тој.

Имајќи ги предвид актуелните случувања, конфликтот на Блискиот Исток беше неизбежна тема на брифингот. Новинарите се интересираа тоа дали постои регрутирање на луѓе за учество во оваа војна; дали во државата постојат терористички ќелии; дали заради новата ситуација е сменето нивото на ризик и дали се преземаат мерки од безбедносните служби?  

Според Апостолоски, за сега не е забележано поорганизирано агитирање за конфликтот меѓу Израел и Хамас, а во врска со терористичките ќелии, тој истакна дека е можно да постојат такви центри. Степенот на ризик во земјата е на средно ниво, но нема гаранција дека работите нема да се сменат. Во секој случај, тој ги информира новинарите дека безбедносните служби ги преземаат неопходните мерки и дека граѓаните може да се чувствуваат безбедни.  

Брифингот е дел од програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ кој го поддржува ГЦЕРФ, а го спроведува МЦМС во партнерство со Нексус – граѓански концепт, Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), Здружението за активен и здрав развој на жените и децата „Плеиадес“ и Здружението за граѓански активизам и охрабрување на општествената одговорност „Хоризон Цивитас“.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Брифинг со новинарите за насилниот екстремизам и борбата против тероризмот