Обука за управување со предмети - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за управување со предмети PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 30 nëntor 2010 15:17

МЦМС, на барање на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, за вработените во Ромските информативни центри при Министерството за труд и социјална политика на 23 и 24 ноември ја одржа обуката Управување со предмети и административна работа.

Обука за управување со предмети

На обуката присуствуваа 16 учесници од Ромските информативни центри во Битола, Гостивар, Делчево, Куманово, Прилеп, Скопје, Тетово и од Штип.

Учесниците на обуката имаа можност да слушнат за приемот и комуникацијата со странките, односно техниките за комуникација како што е активното слушање и повратната информација, и за основите на административното работење и постапување со документацијата. Практична работа низ вежби имаа и на двете теми. „Обуката беше корисна за нас“, вели Тефик Џемаилоски, од Ромскиот информативен центар од Прилеп. „Во иднина секако дека ќе ги користиме вештините што ги научивме. Една од најкорисните работи беше подготовката на Прашалник за потребите на граѓаните. Работевме во групи и дадовме три предлози. Унифицираниот прашалник што би го користеле сите би ни ја олеснил работата и на нас и на МТСП за да ги добие информациите кои му се потребни“, додава Џемаилоски.

Обука за управување со предмети

Обуката е креирана на основа на проценката за капацитетите на Ромските информативни центри направена од страна на ОБСЕ и МТСП.

Обуката ја спроведе Валентина Чичева, обучувач на МЦМС.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Обука за управување со предмети